Ракомет

Ракометна еуфорија во Охрид пред двомечот со Татабања!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Реванш натпреварот од финалето во ЕХФ Европскиот Куп помеѓу ГРК Охрид и унгарска Татабања предизвика огромен интерес, откако билетите беа распродадени за само 15 минути.

На 31 мај, салата „Билјанини Извори“ ќе биде исполнета до последното место, а повеќе од 3.000 навивачи ќе создадат атмосфера за паметење покрај Охридското Езеро.

Охридскиот тим влегува во двомечот со јасна цел и огромна мотивација, свесен дека ова е историски момент за клубот. Прво го очекува гостувањето во Унгарија на 24 мај од 17:00 часот, а потоа реваншот на домашен терен.

Во клубот владее силна еуфорија, но и фокус – да се извлече поволен резултат на гости и потоа пред преполната сала да се нападне европскиот трофеј.

ФОТО: ГРК Охрид

Интересот за финалето уште еднаш покажа дека Охрид живее за ракомет, а градот веќе дише во ритамот на најголемиот клупски предизвик досега.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби на потврда, македонскиот репрезентативец Марио Благојевски останува во шампионот Проект и...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка конкуренција, откако освојувачот на двојната круна од ланската сезона со убедливи...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!