Прва лигаФудбал

Вардар го носи Мигуел Пиреш – португалскиот офанзивец во редовите на шампионот

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Новиот шампион на Македонија, Вардар, започна со формирање на тимот за следната сезона и настапите на европска сцена, а прво засилување за „црвено-црните“ е португалскиот интернационалец Мигуел Пиреш од редовите на Силекс.

29-годишниот офанзивец веќе постигнал договор со Вардар и се очекува да се пресели во Скопје по завршувањето на сезоната. Пиреш зад себе има одлична сезона во дресот на кратовци, каде беше еден од најважните фудбалери на тимот.

Португалецот сезонава постигна 11 погодоци и запиша четири асистенции, со што го привлече вниманието на повеќе клубови од Македонија и регионот, но најконкретен бил актуелниот шампион Вардар.

Со ваков потег Вардар јасно покажува дека амбициите за следната сезона се високи, особено пред настапите во квалификациите за Лигата на шампионите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!