КупФудбал

Силекс го крена Куп-пехарот – Алиќ го реши финалето против Шкендија!

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели



Екипата на Силекс е освојувач на Купот на Македонија за сезоната 2025/26, откако во големото финале на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје славеше минимална победа од 1:0 против Шкендија.

Кратовци така стигнаа до четвртата Куп титула во својата историја и се израмнија со Работнички на вечната листа по бројот на освоени трофеи во ова натпреварување.

Финалето понуди цврст и борбен фудбал со многу тактичко надмудрување и мал број вистински шанси. Силекс подобро го отвори мечот и уште на стартот се закани преку Пиреш, додека Шкендија најопасна беше преку Нзенгуе и Красниќи, но сигурен на голот беше Џеков.

Во второто полувреме играта стана подинамична, а тетовци во 64. минута беа блиску до погодок, кога Џеков со фантастична интервенција го запре ударот на Красниќи и го сочува својот гол.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 71. минута. По грешка на средината од теренот на Шкендија, Додев одлично повлече контранапад и несебично го проигра Алиќ, кој од непосредна близина ја затресе мрежата за големо славје на Силекс.

До крајот Шкендија се обидуваше да се врати резултатски, но избраниците на Горазд Михајлов и Александар Васоски одиграа дисциплинирано во одбраната и не дозволија изненадувања.

Со освојувањето на Купот, Силекс обезбеди и настап во квалификациите за Конференциската лига, па Кратово повторно ќе гледа европски фудбал.

Историски гледано – Силекс има Куп титула од 1994, 1997, 2021 и сега 2026 година, а пак во финалињата во 1995 и 2022 година беше поразен.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!