ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Јуниор од Доброшане е шампион на ОФЛ Куманово, Никица Петрушевски го реши финалето!

Сподели
Сподели



Екипата на Јуниор од Доброшане е нов шампион на Општинската фудбалска лига Куманово, откако во големото финале славеше минимална победа од 0:1 против Победа од Тромеѓа.

Херој на финалниот натпревар беше Никица Петрушевски, кој го постигна единствениот погодок вреден шампионски пехар и пласман во Трета лига – Север од следната сезона.

Јуниор одигра одлична сезона, а Петрушевски уште еднаш потврди дека е лидер на тимот. Тој беше и најдобар стрелец во лигата со 13 постигнати голови на осум натпревари, а на својот голгетерски ефект додаде уште еден погодок – најважниот, токму во финалето.

Со шампионскиот триумф, Јуниор од Доброшане заслужено обезбеди место во Трета лига – Север, каде од наредната сезона ќе има можност да се натпреварува во повисок ранг.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23 над Луксембург, а вечерва ќе го добие првиот резултатски ориентир за...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!