Ракомет

Митревски блескаше во Охрид, Еурофарм Пелистер направи голем чекор кон второто место

Сподели
Сподели



Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа на тешкото гостување кај Охрид со 22:25 и направија огромен чекор кон освојување на второто место во македонската Супер лига, кое носи пласман во европските натпреварувања.

Битолскиот состав уште од самиот почеток наметна свое темпо и постепено ја градеше предноста. Одлична партија на голот имаше искусниот Никола Митревски, кој со серија важни интервенции беше еден од најзаслужните за контролата на натпреварот од страна на „зелено-белите“. На полувреме гостите заминаа со сигурни 10:16.

Во вториот дел Пелистер продолжи со сигурна игра и во еден момент имаше и осум голови предност. Охрид се обиде да се врати во натпреварот, намали на неколку пати, но гостите не дозволија пресврт и рутински го приведоа мечот до крај.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Богдан Радивојевиќ со осум погодоци, додека Кузмановски додаде четири. Голманот Никола Митревски повторно беше во препознатливо издание и запиша дури 16 интервенции. Кај Охрид, Јасухира постигна пет гола, а Пилиповиќ имаше 11 одбрани.

Со оваа победа битолчани се искачија на второто место на табелата и во последното коло сами ќе решаваат за својата позиција во шампионатот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Ракомет

„Чкембари“ со јасна порака: Нема организирано да го бодрат Пелистер во Регионалната лига

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од...

Ракомет

Блажески: „Ни следи тежок натпревар, треба добро да се подготвиме!”

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна...

Ракомет

Охрид со победа над „младиот“ Египет ја започна одбраната на трофејот на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид со победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски...

Ракомет

Вардар фуриозно до победа над Олимпијакос

Вардар со убедлива победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!