Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Матеј Фидановски блесна за Слога Виница – два гола од далечина, еден вистински еврогол!

Сподели
Сподели



Второлигашот Слога од Виница во своите редови има вистински фудбалски бисер. Станува збор за 18-годишниот перспективен фудбалер Матеј Фидановски, кој со својата фантастична партија во победата над Преспа од 3:2 го привлече вниманието на спортската јавност.

Младиот офанзивец беше еден од најзаслужните за триумфот на Слога, постигнувајќи два спектакуларни погодоци. Првиот и третиот гол беа вистински проектили од далечина, додека вториот погодок беше вистински еврогол кој сигурно долго ќе се прераскажува меѓу љубителите на фудбалот.

Фидановски важи за еден од најталентираните млади фудбалери во регионот. Во периодот од февруари 2025 до јануари 2026 настапуваше за младинските категории на Брегалница од Штип, каде дополнително го развиваше својот потенцијал и фудбалски квалитети.

Со одличните настапи оваа пролет во дресот на Слога Виница, јасно е дека пред Матеј Фидановски претстои светла фудбалска иднина. Доколку продолжи во ист ритам, нема сомнеж дека наскоро може да направи и чекор повеќе во кариерата со трансфер во поголем клуб.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!