Ракомет

Ќосевски: „Очекувам жестока битка – подготвени сме да го дадеме максимумот!“

Сподели
Сподели

Во рамки на деветтото коло од плеј-офот во македонската Супер Лига, ракометарите на ГРК Охрид ги очекува големо дерби против РК Еурофарм Пелистер во битката за второто место на табелата. За охриѓани овој натпревар доаѓа во важен момент, непосредно пред првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп, па избраниците на Ројевиќ, ќе сакаат со позитивен резултат и добра атмосфера да влезат во европскиот предизвик.

Во таборот на Охрид владее голема мотивираност пред дуелот, а ракометарите најавуваат максимална борба и желба за победа на домашен терен. Еден од оние кои очекуваат вистинска битка е Ален Ќосевски.

„Нè чека вистинско дерби, борба за второто место во Супер Лигата. Играме на домашен терен и ќе се бориме до крај со цел да покажеме дека сме тим што никогаш не се предава. Очекувам жестока битка. Подготвени сме да го дадеме нашиот максимум.“- изјави Ќосевски.

Натпреварот помеѓу ГРК Охрид и РК Еурофарм Пелистер се игра во среда (20 мај) во салата „Билјанини извори“ со почеток од 19:00 часот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија меѓу третолигашот Могила и прволигашот Арсими. Мечот ќе се одигра во...

Втора лигаФудбал

Доне Ристовски ќе им суди на Детонит и Охрид, Дејан Младеновски на Тетекс и Работнички

Познати судиите кои ќе ја делат на двата одложени натпревари од 2. коло на Втората македонска фудбалска лига, кои ќе се одиграат в...

Поврзани написи
Ракомет

Прв женски ракометен форум во Охрид: Пет големи имиња на европскиот ракомет на едно место

Охрид во септември ќе биде во центарот на женскиот ракомет во регионот....

Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Хрватски предизвик за Бутел: Горица на патот кон третото коло!

Бутел Скопје доби балкански противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Охрид го доби противникот за второто коло од ЕХФ Европскиот куп!

Актуелниот освојувач на трофејот во ЕХФ Купот, ГРК Охрид, ќе се соочи...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!