КупФудбал

Игор Стојчевски ќе го суди Куп финалето меѓу Силекс и Шкендија, Бењамин Ќерими четврт судија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Утре се игра финалето од Купот на Македонија на Националната арена во Скопје со почеток од 20 часот меѓу Силекс и Шкендија.

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на 34. финале од Националниот фудбалски Куп.

Игор Стојчевски од Скопје ќе биде главен арбитар на финалната Куп пресметка, а негови асистенти ќе бидат Тоше Ицев од Кавадарци и Вјолца Изеири од Гостивар. Четврт судија ќе биде Бењамин Ќерими од Скопје.

ВАР судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а АВАР судија ќе биде Гоце Петрески од Скопје. Виктор Васев ќе биде оператор за повторување на снимката.

Делегат на натпреварот ќе биде Станко Манчевски од Радовиш, контролор ќе биде Никола Караколев од Штип. Резервен асистент судија ќе биде Ристо Ѓоргиев од Штип.

Финалето се игра утре, а ќе стартува во 20 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!