Финалниот натпревар ќе се одигра утре (20 мај) на Градскиот стадион во Куманово со почеток од 17 часот, а интересот кај спортската јавност е огромен. Се очекува голема посетеност и вистинска фудбалска атмосфера на трибините за натпреварот кој ќе го одлучи новиот шампион на ОФЛ Куманово.
И Јуниор и Победа зад себе имаат успешна сезона, а сега ќе се обидат истата да ја крунисаат со освојување на шампионскиот пехар и обезбедување пласман во повисок ранг на натпреварување.
Влогот е огромен, мотивацијата на двете екипи е на највисоко ниво, па љубителите на фудбалот во Куманово со нетрпение го очекуваат овој финален дуел кој носи директен билет за Трета лига – Север.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите, пријавување, мерење и лекарски прегледи. Македонските кикбоксери ќе ги дознаат противниците...
Радовиш ќе има свој претставник на претстојното Европско првенство во кик-бокс, кое ќе се одржи од 6 до 15 ноември во Скопје. Мирко...
Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...
Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7...
В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...
Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...