Младата репрезентација на Македонија до 14 години ремизираше 3:3 против Малта во вториот контролен натпревар одигран меѓу овие две селекции.
Избраниците на селекторот Горан Георгиевски одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во 10. минута со погодокот на Душан Петров. Истиот фудбалер повторно се запиша во листата на стрелците во 39. минута, кога беше прецизен од белата точка за водство од 2:0.
Гостинската селекција успеа да намали непосредно пред паузата преку Ноа Мускат, кој погоди за 2:1.
Само што започна второто полувреме, Стефан Петковски постигна гол за нова предност на Македонија од 3:1. Во продолжението селекторот Георгиевски им даде можност за настап на сите фудбалери, што Малта знаеше да го искористи.
Најпрво Алекс Замит во 75. минута намали на 3:2, а само три минути подоцна повторно беше стрелец за конечни 3:3.
До крајот гостите имаа уште неколку добри можности за целосен пресврт, но голманот Огнен Божиновски со неколку одлични интервенции успеа да ја сочува мрежата и да спречи пораз на Македонија.
МАКЕДОНИЈА – МАЛТА 3:3 (3:1)
Стрелци: Душан Петров 10, 39, Стефан Петковски 42 – Ноа Мускат 40, Алекс Замит 75, 78
МАКЕДОНИЈА: 12. Огнен Божиновски, 3. Стефан Петковски (26. Виктор Грданоски 88), 4. Камин Арсовски (10. Габриел Фударски Митев 51), 5. Максим Мечкаровски (13. Стефан Дрндаровски 60), 6. Душан Петров (25. Виктор Дрогишки 75), 8. Амир Бафтијари (11. Афан Јонузи 30), 14. Стефан Ристов (20. Диар Мухарем Исаки 71) , 15. Ненад Јовановиќ (2. Дамјан Тодоровски 66), 17. Калин Каракаш (7. Леис Факиќ 46), 18. Адем Вукељ (9. Ангел Симоновски 40) (23. Џемал Алили 72), 21. Убеит Муадини (24. Омер Адемовиќ 55).