Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Женската одбојкарска репрезентација влегува во финиш подготовки за Европската лига

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

По една седмица подготовки за Европската лига 2026, женската сениорска репрезентација на Македонија полека се адаптира на начинот на работа на новиот селектор Милош Гавриловиќ и неговиот стручен штаб.

Во изминатиот период комбинирано се работеше на физичка подготвеност и техничко-тактички сегменти, а репрезентативките постепено влегуваат и во тактичките варијанти, како и анализата на противниците со кои Македонија ќе се соочи во Европската лига 2026.

Атмосферата на тренинзите е позитивна и работна, со голема дисциплина и максимален ангажман од сите одбојкарки. Се работи во групи со различни задачи и интензитет, а стручниот штаб настојува екипата што побрзо да го прифати системот и филозофијата на работа на селекторот Гавриловиќ.

„Тренираме во одлична атмосфера, полека влегуваме во системот на селекторот и верувам дека со квалитетна работа како и досега, дисциплина и заедништво можеме да одиме чекор напред и да се надеваме на позитивни резултати и оваа година. Смесни сме за предизвиците кои нè очекуваат, но во моментов сме фокусирани на тоа што подобро да ја темпираме формата“, вели интернационалката Добрина Хаџи Тосева и додава „Минатата година имавме успешно претставување во Европската лига и потврдивме дека тимот има квалитет, карактер и стабилност. На овој собир имаме нов селектор и нов стручен штаб, стартуваме нов циклус со поинаква енергија и нови предизвици. Тимот е подмладен, а тоа носи свежина, амбиција и простор за развој.“ – вели селекторот.

 Коректорот на нашата репрезентација Андротеа Милевска, вели дека желбите се и оваа Европска лига репрезентацијата да забележи позитивни резултати.

„Секоја од нас во репрезентацијата го дава својот максимум на овие подготовки. Добрите резултати од ланскиот настап се од големо значење за нас, па така желбите се и оваа година на секој натпревар да се прикажеме во најдобро светло и да оставиме некој белег. Нов селектор, подмладен тим со многу енергија и желни за докажување“ – вели Милевска.

Селекторот Милош Гавриловиќ до крајот на оваа недела ќе го дефинира конечниот состав на репрезентацијата со кој Македонија ќе настапи на првиот турнир од Европската лига 2026.

Турнирот ќе се одржи од 5 до 7 јуни во Порто, Португалија, каде македонската селекција ќе ги одигра првите натпревари во новиот циклус од натпреварувањето.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!