Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со нови санкции: казни за Вардар, Шкендија и Тиквеш

Сподели
Сподели

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе низа казни и отвори постапка против ФК Вардар поради недолично славење.

Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот;

ФК Пелистер се казнува со парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар.

ФК Вардар се казнува со парична казна од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар.

ФК Шкендија се казнува со парична казна од 5.000 евра поради навредливо скандирање кон ФФМ и скандирање со националистичка содржина на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Шкендија и ФК Струга Трим Лум.

ФК Вардар се казнува со парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Вардар и ФК Силекс.

Шкендија Арачиново се казнува со парична казна од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства и влегување на претседателот на клубот на теренот за игра на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница 2008 и Шкендија Арачиново.

Осогово Кочани се казнува со парична казна од 300 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 24. коло меѓу ФК Осогово и Шкендија Арачиново.

ФК Детонит Плачковица се казнува со парична казна од 150 евра поради фрлање шише со вода на теренот на натпреварот од 25. коло меѓу ФК Детонит Плачковица и ФК Брегалница 2008.

ФК Каменица Саса се казнува со парична казна од 150 евра поради фрлање шише со вода на теренот на натпреварот од 24. коло меѓу ФК Каменица Саса и ФК Охрид Лихнидос.

Фудбалерот на ФК Шкендија, Имран Фетаи, се казнува со парична казна од 500 евра поради недолично однесување, односно кршење врата по завршување на натпреварот од 30. коло меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.

Шефот на стручниот штаб на ФК Шкендија, Јетон Беќири, се казнува со парична казна од 500 евра поради недолично однесување, односно вербален напад врз припадници на МВР по завршување на натпреварот од 30. коло меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.

ФК Брегалница 2008 се казнува со парична казна од 5.000 евра поради слаба организација, присуство на неслужбени лица и недозволен број редари на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница 2008 и Шкендија Арачиново.

ГФК Тиквеш 1930 се казнува со парична казна од 5.000 евра поради истакнување банер со навредлива содржина кон ФФМ на натпреварот од 30. коло меѓу ГФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973.

ГФК Тиквеш 1930 се казнува со парична казна од 5.000 евра поради користење пиротехнички средства и топовски удари, како и попречување на камерман при вршење директен пренос на натпреварот од 30. коло меѓу ГФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

„Среќни сме со бодот и одиме понатаму“ – Кузмановски по драматичното дерби во Охрид!

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа вистинско дерби пред полните трибини во СЦ „Билјанини Извори“, а по 60 минути голема борба резултатот беше 28-28....

Ракомет

„Се боревме до крај!“ – Мате горд на Охрид по лудото дерби!

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа возбудливо дерби на стартот од новата сезона, кое пред полните трибини во „Билјанини Извори“ заврши без победник, 28-28....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

Прва лигаФудбал

Брегалница се раздели со стручниот штаб, без објаснување за причините

Фудбалскиот клуб Брегалница донесе одлука за прекин на професионалниот ангажман на стручниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!