Општинскиот фудбалски сојуз Струмица официјално ги повика сите екипи кои настапуваат во тековната сезона, како и новите заинтересирани клубови, навремено да го пријават своето учество за натпреварувачката сезона 2026/2027 во Општинската фудбалска лига Струмица.
Од ОФС Струмица апелираат клубовите да го запазат рокот за пријавување, со цел навремено да се подготви целокупната документација и да се завршат сите административни обврски пред стартот на новата сезона.
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на ОФС Струмица во целост.
„Ги повикуваме сите екипи кои се натпреваруваат во тековната сезона, најдоцна до 1 јуни да го пријават своето учество за натпреварувачката сезона 2026/2027. Ги замолуваме сите клубови да го запазат рокот за пријавување, со цел навремено и организирано подготвување на потребната документација и исполнување на административните обврски пред почетокот на новата сезона. Воедно, апелираме сите екипи да бидат ажурни и навремено да ја комплетираат процедурата за пријава. Ова соопштение се однесува и на сите новопријавени екипи кои сакаат да бидат дел од Општинската фудбалска лига Струмица во сезоната 2026/2027. Општинската фудбалска лига Струмица, која во моментов брои осум екипи, останува отворена за прием на нови клубови и екипи кои имаат желба да се натпреваруваат во лигата и да придонесат за развојот на аматерскиот фудбал во регионот. Право на учество и пријавување за следната сезона имаат екипи од општините Струмица, Ново Село, Василево, Босилово, Радовиш и Конче. Со почит, ОФС Струмица“, се вели во соопштението.