КупФудбал

Градоначалникот Петар Јанков ги прими фудбалерките на Тиверија Брера по освоениот Куп на Македонија

Сподели
Сподели

Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, во својот кабинет ги прими фудбалерките и стручниот штаб на Тиверија Брера, по големиот успех и освојувањето на Купот на Македонија.

Струмичанки блеснаа во големото финале и со убедлива победа од 5:0 против Каменица Саса стигнаа до втората Куп титула во клупската историја, потврдувајќи дека оваа генерација е една од најуспешните во женскиот фудбал во Македонија.

Градоначалникот Јанков упати честитки до фудбалерките и стручниот штаб за историскиот успех и одличните настапи во текот на целата сезона.

„Честитки до фудбалерките и до стручниот штаб за големиот успех и заслужената победа во финалето над екипата на ЖФК Каменица Саса со резултат 5:0. Горди сме на нашите фудбалерки кои по втор пат во својата историја го освоија Куп трофејот! Како општина остануваме посветени на подобрување на спортската инфраструктура која е базичен услов за развој на спортистите и постигнување успеси во иднина“, рече градоначалникот Јанков.

Тиверија Брера зад себе има одлична сезона, а покрај освоениот Куп трофеј, струмичанки шампионатот во Првата женска фудбалска лига ќе го завршат и на второто место, односно како вицешампион на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Величков ќе им суди на БВК Коњаре и Башкими, Ралевски на Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново

Утре се играат седум натпревари од првата фаза на Купот на Македонија, откако минатата недела беа одиграни пет средби. Познати се и судиите...

Втора лигаФудбал

Пелистер го промовираше Мите Цикарски

Второлигашот Пелистер од Битола го промовираше Мите Цикарски како најново засилување, кое доаѓа од редовите на Беласица. Триесет и тригодишниот фудбалер ги покрива...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Пелистер го промовираше Мите Цикарски

Второлигашот Пелистер од Битола го промовираше Мите Цикарски како најново засилување, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!