Останато

Лина Ѓорческа елиминирана во првата квалификациска рунда на Ролан Гарос

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата квалификациска рунда на Ролан Гарос, откако беше поразена од 17. носителка Сузан Ламенс со 2-0 во сетови (6:4, 6:2).

Дуелот траеше 69 минути, а во првиот сет беше накратко прекинат поради дожд при резултат 2:2 во гемови. По продолжението, македонската тенисерка стигна до водство од 4:3, но Ламенс возврати со три последователни гема и го приведе сетот во своја корист со 6:4.

Во вториот сет резултатот беше израмнет до 3:3, по што холандската тенисерка повторно направи серија од три гема и со 6:3 го завери пласманот во следната рунда.

Ѓорческа имаше потешкотии при сервисот, правејќи дури 16 двојни сервис грешки, а мечот го заврши и со 41 неизнудена грешка.

Следен предизвик за македонската тенисерка ќе биде ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, кој е на програмата наредната недела.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!