Втора лигаТрета лигаФудбал

Познато кога ќе се игра и како ќе изгледа баражот за влез во Втора лига

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа AI
Сподели



Сите екипи кои ќе настапат во баражот за влез во Втората македонска фудбалска лига се познати, а познати се и второлигашите кои ќе се борат за опстанок во мечот кој за нив ќе има карактер на финале.

Според ексклузивни информации на Спортска Мрежа, бараж натпреварите се закажани да се одиграат на 30 мај (сабота), на неутрален терен, дополнително ќе биде утврдено каде.

Според нашите информации второлигашите меѓусебно не може да се погодат во баражот, тоа значи дека второлигашите ќе играат против третолигаши, а само еден меч ќе биде третолигаш со третолигаш.

  • Втора МФЛ (11-то пласирана екипа) – Трета МФЛ (1) (ПРВО пласирана екипа)
  • Втора МФЛ (10-то пласирана екипа) – Трета МФЛ (2) (ПРВО пласирана екипа)
  • Втора МФЛ (9-то пласирана екипа) – Трета МФЛ (3) (ПРВО пласирана екипа)
  • Трета МФЛ (4) (ПРВО пласирана екипа) – Трета МФЛ (5) (ПРВО пласирана екипа)

Ова е според одлука од страна на Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Дополнително со ждреп ќе се утврдат двојките во баражот.



Екипите на Кожуф, Тетекс и Каменица Саса како второлигаши ќе се борат за опстанок, додека пак Камјани (шампион во Трета лига – Запад), Борец (шампион во Трета лига – Југ), Победа Валандово (шампион во Трета лига – Исток), Еуромилк ГЛ (шампион во Трета лига – Север) и Влазними (шампион во Трета лига – Југозапад) како третолигаши ќе се борат за промоција во Втората македонска фудбалска лига за следната натпреварувачка сезона 2026/2027.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!