Заврши сезоната во Трета лига – Запад, шампионот Камјани кој ќе игра бараж за влез во Втора лига со пораз ја затвори сезоната откако загуби од Влазерими во гости со 2:1.
За победничкиот тим Имери и Хајдарини беа стрелци, а пак за гостинот стрелаше Берзати.
Со погодоците на Шаќири и Мурати екипата на Речица со 2:0 беше подобра од Вардар Неготино на домашен терен.
Џепчишти со голот на Ментор Саљиу славеше минималец од 0:1 над Скендербеу и победнички ја затвара сезоната.
Во Боговиње немаше победник, а беа постигнати да погодоци за реми на Дрита и Љуботен од 1:1. За домаќинот погоди Исмаили во 26. минута за гостинот Ѓорѓески во 61. минута.
Мечот во Кичево меѓу Напредок и Ренова не се одигра, откако гостинската екипа по чекање од 30 минути не се појави на теренот.
Камјани од овој регион ќе игра бараж за влез во Втора лига.