Трета лигаФудбал

Шампионот Влазними загуби, Света Троица убедлива, реми во Демир Хисар

Сподели
ФОТО: ФК Света Троица
Сподели

Заврши сезоната во Трета лига – Запад, екипата на Влазними е шампион и ќе игра бараж за влез во Втора лига, но стружани со пораз ја затворија сезоната пред второлигашкиот бараж, откако загуби во гости од Кравари со 3:0.

Иве Трифуновски беше двоен стрелец, а еднаш погоди Јовица Христовски, сите три гола паднаа во првиот дел.

Натпреварот меѓу Демир Хисар и Могила беше вистинска голеадата без победник со шест гола за 3:3. Стевче Ангелевски, Александар Ангелевски и Дарко Неделковски беа стрелец за домаќинот, за гостинот погодија Стефан Крстевски, Хакан Алимовски и Мики Талевски.

Света Троица со убедливи 4:2 во Охрид го доби Кораб од Дебар, во меч каде за Охриѓани двоен стрелец беше Димитар Кочески, а по еден гол постигнаа Леонид Џајкоски и Никола Угриноски. За гостинот Ураник Уштеленца и Фатјон Леши беа стрелци.

Мечот во Мешеишта меѓу Славеј и Караорман не се одигра, откако домашната екипа ненајавено не се појави на теренот, па тоа ќе значи службена победа за екс второлигашот од Струга.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!