Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Сподели
Сподели

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена дисциплински постапки по натпреварите од домашните фудбалски шампионати.

Најстрого е санкциониран Махир Ајрули од ФК Шкендија Арачиново 77, кој доби суспензија од пет натпревари. Роналдо Вебстер од ФК Шкендија и Илија Апостоловски од ГФК Вардар Неготино се казнети со по три натпревари неиграње.

По еден натпревар суспензија добија Дино Михолов и Лука Бојаџиев од ФК Брегалница 2008, како и Арсим Љамалари и Иљаз Чилафи од ФК Шкендија Арачиново 77. Со еден меч пауза се санкционирани и Дамјан Серафимов од ГФК Охрид и Егзон Белица од ФК Работнички.

Дисциплинската комисија изрече и функционерски казни. Влатко Костов, шеф на стручниот штаб на ФК Брегалница 2008, како и Шабан Сулиман, тренер на ФК Работнички, добија забрана за вршење функција во траење од еден месец. Иста санкција му е изречена и на Исуфи Авдираман, комесар за безбедност на ФК Шкендија Арачиново 77.

Воедно, поведени се дисциплински постапки против ФК Вардар поради употреба на пиротехнички средства на дуелот со ФК Силекс, како и против ФК Шкендија поради недолично скандирање на натпреварот со ФК Струга Трим Лум.

Постапки се поведени и против ФК Брегалница 2008 поради слаба организација на мечот против ФК Шкендија Арачиново 77, како и против клубот од Арачиново поради употреба на пиротехнички средства и влегување член на управата на теренот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Аулон Куртиши со Шкендија шампион во Суперлигата до 16 години: Голем талент од Тетово сонува европска кариера

Младиот фудбалски талент на Шкендија од Тетово, Аулон Куртиши, денес доживеа еден од најзначајните моменти во својата досегашна кариера, откако со тимот на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера го доби дербито со Истатов, Скопје со минималец, реми на Вардар и Саса

Тиверија Брера го доби дербито на 25. коло на Првата женска фудбалска лига откако со 4:2 славеше над Истатов во Струмица. Резултатот го...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Победнички финиш за Беса Сарај, Фортуна и Куманово убедливи, реми на Кадино и Аеродром

Последното коло во Трета лига – Север донесе многу погодоци – Фортуна...

Трета лигаФудбал

Бучин го совлада шампионот Борец, реми во Крушево, шест гола во Росоман

Заврши сезоната во Трета лига – Југ, екипата на Росоман е шампион,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!