Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Костиќ: Не очекува тешко лето, Европската лига носи големо значење за нас

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Интернационалецот Лука Костиќ и техничарот на Штип УГД, Давид Стојанов беа дел од репрезентативците кои во Крушево ја одработија првата фаза од подготовките за Европската лига 2026. По ден одмор, тие повторно му се приклучуваат на селекторот Јошко Миленкоски и продолжуваат со подготовките во Скопје, каде се одвива финалното темпирање на формата пред претстојните предизвици.

„Одработивме квалитетно во Крушево со помладите, а од денеска продолжуваме со интернационалците во Скопје да ја темпираме формата за Европската лига 2026. За разлика од претходните години оваа имаме еден посериозен циклус, со поголема тежина, па поради тоа и комплетниот пристап и поглед се соодветни. Ставот е јасен – на сите натпревари ќе го дадеме максимумот и да дојдеме до што повеќе победи. Имаме тројца противници со кои може да играме, додека со другите ќе се обидеме да извлечеме што подобар резултат“, вели Давид Стојанов во пресрет на подготовките во Скопје.

Слично размислува и Лука Костиќ, кој се надевам на резултатски убаво лето, како увертира за Европското првенство во септември.

„Мило ми е што помладите одбојкари добија поголема шанса, не само на поширок список, туку и во тренажниот процес и имавме добри подготовки во Крушево. Ни престои тешко лето и сите сме свесни за тоа, особено поради фактот дека Европската лига годинава има големо значење за собирање поени за следниот континентален собир. Се надевам дека сите ќе бидеме здрави и дека ќе имаме едно резултатски убаво лето, што ќе биде добро во пресрет на Европското првенство во септември“ – заклучува Костиќ.

Репрезентацијата денеска ќе се собере во хотелот „Континентал“ во Скопје и попладнево продолжува со тренинзи.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!