Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јонузи: Со нова енергија и оптимизам влегуваме во Европската лига

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Организаторот на играта на женската сениорска репрезентација на Македонија, Ерјона Јонузи, во новиот репрезентативен циклус влегува како една од поискусните одбојкарки во националниот тим и една од ретките интернационалки во составот.

На поширокиот список на новиот селектор Милош Гавриловиќ се најдоа голем број нови имиња, а Јонузи верува дека промените можат да донесат свежина и дополнителен квалитет во репрезентацијата.

Искусната организаторка на играта смета дека новата енергија и мотивираност кај помладите одбојкарки ќе бидат дополнителен поттик за тимот во претстојните предизвици и очекува позитивна атмосфера во националниот состав.

„Како интернационалка, која цела сезона настапува во странство искрено ми недостасуваше Македонија и оваа енергија и дружба која ја имаме во репрезентацијата. Сите одлично расположени влегуваме на овој собир. Во оваа средина се чувствувам пријатно, а верувам дека истото се однесува и за секоја девојка која е во екипата. Дури и младите одбојкарки, кои се првпат на собир со А тимот се многу позитивни и мислам дека ќе успееме убаво да се вклопиме и да создадеме добра енергија и хемија, како на теренот, така и надвор од него“, коментира Ерјона Јонузи на стартот на новата репрезентативна акција.

Минатата година женската репрезентација имаше солиден настап во Европската лига, запиша и две победи, но оваа година задачата ќе биде потешка и поради сериозниот карактер – како дел од квалификацискиот циклус за ЕП 2028, кој го добива Европската лига.

„Имаме многу промени во екипата оваа година. Пред се, нов стручен штаб и нов селектор, како и подмладена екипа, дел од поискусните не се со нас во овој циклус. Времето ни е кусо и мораме што побрзо да влеземе во системот и начинот на работа на селекторот. Истовремено ние што имаме малку поголем стаж во репрезентацијата треба да им помогнеме на младите што подобро и побрзо да се вклопат и да ја градиме иднината на македонската женска одбојка. Оваа Европска лига ќе биде потешко, но ништо не е невозможно, очекуваме повторно позитивни резултати. Сите сме оптимисти и одлично расположени, подготвени за работа влегуваме во овој циклус, кој мислам дека на крајот ќе има позитивен исход“ – заклучува Јонузи.

Женската сениорска репрезентација на Македонија веќе го одработи и првиот тренинг во рамки на подготовките за Европската лига 2026. На стартот тимот не беше комплетен, бидејќи одбојкарките на Работнички Скопје и Наковски Волеј добија дополнителен ден за одмор по исцрпувачката финална серија во домашното првенство, која заврши пред само неколку дена.

Избраничките на селекторот Милош Гавриловиќ целиот подготвителен период ќе го реализираат во СЦ „Форца“ во Скопје, каде ќе ја темпираат формата за претстојните предизвици.

Како последна проверка пред стартот на Европската лига, македонските одбојкарки ќе одиграат два контролни натпревари против Косово на 29 и 30 мај.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!