Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026 со второто место во унгарскиот шампионат. Во финалната серија од плејофот, Елоре го запиша и третиот пораз од Фино Капошвар, овојпат со 0:3 (19:25, 13:25, 20:25), па ривалот со вкупни 3-1 ја освои титулата.

Љафтов и неговите соиграчи се надеваа дека ќе успеат да изборат мајсторка, но домаќинот одигра сигурен натпревар и пред своите навивачи го прослави шампионскиот трофеј.

Македонскиот одбојкар беше во стартниот состав и одигра цел меч, притоа освојувајќи шест поени, од кои пет од напад и еден ас-сервис. Со тоа беше меѓу поистакнатите играчи во тимот на Елоре.

Иако останаа без титулата во домашното првенство, сезоната за Елоре сепак беше успешна, бидејќи клубот го освои трофејот во средноевропската МЕВЗА лига, а стигна и до финалето во Купот на Унгарија.

По крајот на сезоната, Љафтов ќе има краток одмор, а веќе на 20 мај треба да му се приклучи на националниот тим и да му се стави на располагање на селекторот Јошко Миленкоски за настапите во Европската лига.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на врвот од листата на најдобри стрелци. Антонио Каланоски, фудбалерот на Охрид,...

Втора лигаФудбал

Охрид остана на врвот во Втора лига, конкурентите блиску до „рибарите“, на дното без промени

По седум одиграно кола, со напомена дека од петтото коло не е одигран мечот меѓу Работнички и Брера, тимот на Охрид е на...

Поврзани написи
Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско...

Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!