Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а познати се и финалистите кои ќе се борат за трофеите.

Во младинска конкуренција, за пехарот ќе играат АП Брера и Шкупи. Струмичани убедливо славеа против Пелистер со 8:0 на домашен терен. Иван Танчев постигна хет-трик, по два гола дадоа Глигор Бучков и Иван Шириќ, додека меѓу стрелците се запишаа и Христијан Крстев и Стефан Војчески.

Многу подраматично беше во второто полуфинале, каде Шкупи со 3:2 го совлада Вардар. Тимот од Чаир имаше предност од 2:0 со головите на Судејс Чајани и Шкељќим Ферати, но „црвено-црните“ се вратија преку Никола Ристевски и Иво Марковски. Сепак, во последната минута Иљир Џони донесе победа и пласман во финалето за Шкупи.

Кај кадетите, финалисти се Вардар и Пелистер.

Вардар во Скопје ја победи АП Брера со 4:1. Гостите први поведоа преку Филип Кулески, а Невзат Асани израмни пред паузата. Во второто полувреме Лука Георгиоски донесе пресврт, Асани со својот втор гол зголеми на 3:1, а конечните 4:1 ги постави Коста Бошковски.

Пелистер, пак, со 2:0 го елиминираше Њу Старс. Стрелци за битолчани беа Мартин Талевски и Јован Мрмачовски.

Термините и локациите за финалните натпревари дополнително ќе бидат соопштени.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!