Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

Сподели
Сподели

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име во „сино-белиот“ табор е францускиот ракометар Адама Кеита.

Искусното лево крило потпиша договор со охридскиот клуб за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување и за 2027/2028. Кеита има 28 години, висок е 186 сантиметри и во Охрид ќе го носи дресот со број 9.

Французинот во Охрид доаѓа од грчки АЕК, а претходно дури осум сезони беше дел од ракометниот гигант ПСЖ, со кој освои бројни титули на домашната и меѓународната сцена.

Кеита има и богато репрезентативно искуство во младинските селекции на Франција, а во 2017 година освои бронзен медал на Светското јуниорско првенство.

По потписот за ГРК Охрид, францускиот интернационалец не го криеше задоволството од новиот предизвик.

„Започнува ново поглавје за мене. Горд сум што му се приклучувам на ГРК Охрид и што ја започнувам оваа нова авантура во Македонија. Му благодарам на клубот за довербата што ми ја укажа. Доаѓам со голема желба, амбиција и волја да го дадам максимумот на теренот за боите на клубот. Со нетрпение очекувам да започнам и да се запознаам со нашите навивачи“, изјави Адама Кеита.

Со ангажманот на Кеита, ГРК Охрид испраќа јасна порака дека амбициите на клубот за следната сезона ќе бидат уште поголеми.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!