Кошарка

Генералните секретари на европските национални федерации на работен состанок во Рејкјавик

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Во рамки на настаните поврзани со Генералното собрание на ФИБА Европа, утре во хотелот „Рејкјавик Гранд“ во Рејкјавик ќе се одржи годишниот состанок на генералните секретари на европските национални федерации.

На состанокот, кој во ваков формат се организира веќе трета година по ред, претставува важна платформа за размена на искуства, идеи и зајакнување на соработката меѓу националните федерации ширум Европа. ќе бидат присутни генералниот секретар на Кошаркарската федерација на Македонија, Томче Стојчевски, и потпретседателот, Младен Ѓуроски.

На агендата на состанокот се предвидени повеќе актуелни и значајни теми за европската и светската кошарка, меѓу кои полова подобност, судењето, осигурување, 3×3 кошарката, новиот изглед на ФИБА Евро Купот како и новитетите поврзани со ФИБА Европскиот Куп, процесот на ЛОК/НЦАА лига, односно трансфери на европските играчи во европските лиги.

Годишниот состанок во Рејкјавик претставува уште една можност за продлабочување на соработката и координацијата меѓу европските федерации, со фокус на идниот развој на кошарката на континентот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Кошарка

Одредени се термините за одигрување на финалната фаза од „МТЕЛ“ Супер лигата

Со цел обезбедување на регуларност на натпреварувањето, еднаквост на условите за сите...

Кошарка

Кошаркарскиот караван ќе гостува во Охрид

Овој викенд, салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде домаќин на уште...

Кошарка

Шампионот во М20 кошаркарската лигата ќе биде промовиран во Гевгелија

Кошаркарскиот клуб „Кожув“од Гевгелија ќе биде организатор на завршниот турнир во М20...

Кошарка

МЗТ Скопје го прегази Пелистер во „мајсторката“ и закажа финале со Маџари!

МЗТ Скопје Аеродром ќе ја брани шампионската титула во македонската кошаркарска елита,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!