Кошарка

Кошаркарскиот караван ќе гостува во Охрид

Сподели
Сподели

Овој викенд, салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде домаќин на уште едно дружење на најмладите кошаркари и кошаркарки во рамки на проектот „Минибаскет каравани“, во организација на Кошаркарската федерација на Македонија.

Новата станица на кошаркарскиот караван е закажана за 17. мај, со почеток од 12:00 часот, кога најмладите кошаркарски таленти повторно ќе имаат можност да уживаат во играта, дружењето и љубовта кон кошарката.

Проектот „Минибаскет каравани“ има за цел да го поттикне спортскиот дух, фер-плејот и правилниот развој на децата преку кошарката. Акцентот е ставен на играта и забавата, без резултатски притисок, како и на меѓусебното запознавање и размена на искуства меѓу младите кошаркари и тренерите.

Натпреварите ќе се играат според правилата на мини-баскет, односно системот ФИБА „Бам пасарела“, со формат од 4 х 8 минути.

Првите две четвртини ќе се играат со задолжителен цел состав – првата петорка ќе ја игра целосно првата четвртина, а втората петорка целосно втората четвртина, со дозволени по две замени.

Натпреварите ќе се реализираат без резултатски притисок, со судии назначени од Кошаркарската федерација на Македонија, а право на настап имаат екипи составени од минимум 10, а максимум 15 играчи, родени 2014 година или помлади.



МИНИ БАСКЕТ КАРАВАН – ОХРИД 2026

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

време натпревар терен

12.00: Охрид – Овче Поле 1

12.00: Гостивар (ж) – Колибри (ж) 2

11.00: Тетекс ТТК – Црн Дрим 3

12.45: Кожув – Колибри 1

12.45: Петровски Водно санс 2

12.45: Вардар – Овче поле 3

13.30: МКК Куманово – Тиквеш ГИ 1

13.30: Црн Дрим 2 – Охрид 2

13.30: Спорт тим (ж) – Охрид (ж) 3

14.15: Декса (ж) – Струга 2009 (ж) 1

14.15: Петровски (ж) – Гостивар (ж) 2

14.15: Петровски – Кожув 3

15.00: Водно санс – Колибри 1

15.00: Тиквеш – Вардар 2

15.00: МКК Куманово – Црн Дрим 2 3

15.45: Колибри (ж) – Спорт тим (ж) 1

15.45: Охрид (ж) – Декса (ж) 2

15.45: Струга 2009 (ж) – Петровски (ж) 3

16.30: Струга (2017) – Петровски (2017) 1

16.30: Охрид (2017) – Петровски (2017) 2



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!