Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Сподели
Сподели

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари од 32. коло во Првата македонска фудбалска лига, коло кое носи важни бодови во битката за Европа, опстанок и врвот на табелата.

На натпреварот меѓу Шкендија и Брера Струмица, главен судија ќе биде Боби Величков. Негови помошници ќе бидат Гоце Петрески и Роберт Црвенов, додека четврти судија ќе биде Александар Василевски. Во ВАР собата ќе бидат Игор Стојчевски и Мартин Дејаноски, а како ВАР 3 е делегиран Деан Стефков. Делегат на средбата ќе биде Гоце Цветановски, а контролор Горан Спиркоски.

Правдата на дуелот меѓу Струга Трим Лум и Вардар ќе ја дели Стојанче Стојанов. Асистенти ќе му бидат Тоше Ицев и Мартин Петковски, а четврти судија ќе биде Игор Иванов. За ВАР технологијата ќе бидат задолжени Бенџамин Ќерими и Вјолца Изеири, додека Петар Мукоски е делегиран како ВАР 3, а Зоран Саздов како ВАР 4. Делегат на мечот ќе биде Славчо Ѓорѓијоски, а контролор Џенан Хајдари.

На средбата меѓу Силекс и Арсими, главен судија ќе биде Димитар Пилешков. Негови асистенти ќе бидат Ристо Ѓорѓиев и Богданчо Ѓеоргиев, додека улогата на четврти судија ќе ја има Крумислав Ѓорѓиев. Во ВАР собата ќе бидат Пларент Салихи и Фуркан Идризи, а Виктор Васев е делегиран како ВАР 3. Делегат на натпреварот ќе биде Борче Мирчески, а контролор Благој Шуклев.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!