РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското првенство, откако во Прешов убедливо ја совлада Словачка со 31-24 во првиот бараж натпревар.

Избраниците на Кирил Лазаров одиграа сигурен натпревар од почеток до крај, оправдувајќи ја фаворитската улога против селекцијата на Словачка. Македонија уште во првото полувреме создаде солидна предност, а доминацијата продолжи и по паузата за конечни плус седум пред реваншот во Скопје.

Најзаслужен за триумфот беше голманот Томовски со десет интервенции, додека капитенот Кузмановски блесна со десет погодоци. На линијата од шест метри одличен беше и Лазаревски, кој реализираше седум од седум обиди. Кај домаќините, по четири гола постигнаа Махач и Бријатка.

Македонија добро го отвори натпреварот и поведе со 2-0, но Словаците брзо возвратија и направија пресврт за 3-2. Следуваше период на израмнета игра, во кој двете репрезентации се менуваа во серија голови, пред нашата селекција повторно да се одлепи на 11-9.

Лазаров внесе свежина со ротациите, а новата бековска линија предводена од Ѓорѓиев, Атанасијевиќ и Јагуриновски донесе дополнителна енергија. Во тие моменти блесна Лазаревски на линијата и со неколку врзани погодоци помогна Македонија да ја преземе целосната контрола.

Во финишот на првиот дел Томовски запиша уште неколку важни одбрани, а Кузмановски со погодок со звукот на сирената донесе водство од 18-13 на паузата.

Во второто полувреме Македонија продолжи во ист ритам. Митев беше еден од најрасположените во нападот и со три гола по ред ја зголеми предноста на шест разлика. Словачка се обиде да се врати, но нашите ракометари мирно го контролираа резултатот и не дозволија никаква драма во завршницата.

Реванш натпреварот меѓу Македонија и Словачка ќе се одигра на 17 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, каде македонската селекција ќе има можност да го потврди пласманот на ново Светско првенство.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!