КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Сподели
Сподели

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во финалето одиграно на стадионот во Ѓорче Петров убедливо ја совлада Каменица Саса со 0:5.

За струмичанки ова беше втора Куп титула во нивното петто финале, додека Каменица Саса го играше своето четврто финале во ова натпреварување.

Тиверија Брера уште од самиот старт покажа дека е решена да стигне до трофејот. Првата сериозна можност ја имаше во 7. минута, кога Данче Карпузовска продре по десната страна и ја погоди гредата.

Само пет минути подоцна возвратија „рударките“, а Ана Димитровска беше најблиску до погодок, но нејзиниот удар заврши во стативата.

Клучниот момент се случи во 28. минута, кога по ВАР проверка главниот судија Марјан Дејаноски покажа на белата точка. Одговорноста ја презеде Теона Галабовска, која сигурно реализираше за водство од 0:1.

Тиверија Брера продолжи со офанзивата, па само три минути подоцна Павлинка Николовска со одличен удар од слободен удар ја зголеми предноста на 0:2.

До крајот на првиот дел играта на Каменица Саса целосно се распадна, а Билјана Панеска во 34. минута погоди и за убедливи 0:3, резултат со кој се замина на полувреме.

Во второто полувреме струмичанки не застанаа. По само пет минути игра, Ане Бошеска ја совлада Симона Тринкова за 0:4 и практично ги реши сите дилеми околу победникот.

Следуваше уште една добра можност за Карпузовска, која повторно се закани по десната страна, но топката мина покрај голот.

Во самиот финиш Тиверија Брера стави точка на убедливиот триумф. Ане Бошеска го постигна својот втор погодок на натпреварот за конечни 0:5, откако лесно ја совлада истрошената Тринкова, која по петти пат ја вадеше топката од својата мрежа.

Каменица Саса до крајот се обиде барем да постигне почесен гол, а најблиску беше Анастасија Маринковска, која по брза транзиција шутираше кон голот на Панџурова, но ја погоди гредата.

Со оваа убедлива победа, Тиверија Брера уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма и сосема заслужено стигна до вториот Куп трофеј во клупската историја.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!