Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Сподели
Сподели

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на Европското сениорско првенство што се одржа во Минхен, Германија, по поразите во борбите за медал.

Во категоријата +87 кг, Дејан Георгиевски стигна до петтата позиција. Тој во првото коло беше слободен, во второто забележа победа од 2:1 против Емре Атешли од Турција, а во четвртфиналето беше поразен од Иван Гарсија Мартинез од Шпанија.

Во женска конкуренција -62 кг, Милијана Релиќ исто така го освои петтото место. Таа во првото коло беше подобра со 2:0 од Теопула Сарванаки од Грција, но во четвртфиналето загуби со 1:2 од Петра Столбова од Чешка.

Одличен настап имаше и Филип Блажевски во категоријата -80 кг, кој за малку остана без победа, откако загуби во тесна борба во првото коло.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско...

Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!