Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026 со второто место во унгарскиот шампионат. Во финалната серија од плејофот, Елоре го запиша и третиот пораз од Фино Капошвар, овојпат со 0:3 (19:25, 13:25, 20:25), па ривалот со вкупни 3-1 ја освои титулата.

Љафтов и неговите соиграчи се надеваа дека ќе успеат да изборат мајсторка, но домаќинот одигра сигурен натпревар и пред своите навивачи го прослави шампионскиот трофеј.

Македонскиот одбојкар беше во стартниот состав и одигра цел меч, притоа освојувајќи шест поени, од кои пет од напад и еден ас-сервис. Со тоа беше меѓу поистакнатите играчи во тимот на Елоре.

Иако останаа без титулата во домашното првенство, сезоната за Елоре сепак беше успешна, бидејќи клубот го освои трофејот во средноевропската МЕВЗА лига, а стигна и до финалето во Купот на Унгарија.

По крајот на сезоната, Љафтов ќе има краток одмор, а веќе на 20 мај треба да му се приклучи на националниот тим и да му се стави на располагање на селекторот Јошко Миленкоски за настапите во Европската лига.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

Останато

ТК Кобра блесна на „Бутел Опен“: 15 медали и најмногу сениори меѓу сите клубови!

Таеквондо клубот Кобра имаше одличен настап на меѓународниот турнир „Бутел Опен“, кој...

Останато

Деспотовски: Работнички покажа шампионски карактер кога беше најпотребно

Одбојкарките на Работнички Скопје по 18. пат во клупската историја ја освоија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!