ФудбалЧетврта лига

Кадица 1965 е шампион на ОФЛ Прилеп, откако во финалето славеше над Стрела 21

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Кадица 1965 ја освои шампионската титула во Општинската фудбалска лига – Прилеп, откако во драматичното финале славеше против Стрела 21 со резултат 3:2.

Во возбудлив натпревар исполнет со борба и неизвесност, Кадица 1965 успеа да стигне до големиот трофеј и со тоа обезбеди право следната сезона да се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига.

По завршувањето на финалето, шампионскиот пехар на новиот првак му го додели секретарот на Општинскиот фудбалски сојуз Прилеп, Петар Илиоски.

Главен судија на финалниот натпревар беше Кирил Смоквоски, додека негови асистенти беа Борис Трајков и Дино Конески. Улогата на контролор и делегат на средбата ја извршуваше Горан Спиркоски.

Со ова официјално беше спуштена завесата на сезоната 2025/2026 во Општинската фудбалска лига во Прилеп.

Претходно, како што објави Спортска Мрежа, екипата на Прилеп Сити обезбеди промоција од Б во А Општинска лига, па прилепскиот аматерски фудбал добива уште една интересна сезона со нови предизвици и промени.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

КупФудбал

ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Како ќе играат Тиверија Брера и Каменица Саса?

Денес на стадионот во Ѓорче Петров се игра Куп финалето меѓу Каменица...

КупФудбал

Тиверија Брера и Каменица Саса по втора Куп титула – финале со богата историја и голем влог!

Женскиот фудбалски Куп на Македонија ќе донесе ново возбудливо финале, во кое...

Втора лигаФудбал

Три второлигаши пред „финале“ за спас на сезоната и опстанок во Втора лига

Три второлигашки екипи ќе мора да одиграат натпревари со карактер на финале...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!