Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Почна продажбата на билети за Македонија – Словачка: Во Скопје ќе се решава патникот на СП 2027

Сподели
ФОТО: Ракометна Федерација на Македонија
Сподели

Официјално ја започна продажбата на билетите за реванш натпреварот меѓу Македонија и Словачка во баражот за пласман на Светското првенство 2027.

Билетите се достапни преку продажната мрежа на MK Tickets, а цените изнесуваат 400 и 500 денари, во зависност од местото на седење во Спортски центар „Борис Трајковски“.

Македонската репрезентација првиот натпревар од баражот ќе го одигра на гостински терен во Прешов, каде на 14 мај од 19 часот ќе гостува во Татран Арена.

Реваншот во Скопје е закажан за 17 мај (недела) со почеток од 19 часот, а по одигрувањето на овој натпревар ќе биде познат патникот на Светското првенство 2027, кое ќе се одржи во Германија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!