ИнтернационалциФудбалФутсал

(ВИДЕО) СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ блеска во Бања Лука: Прилепчани со пласман во четвртфинале на Европското во футсал!

Сподели
Сподели



Учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп продолжуваат со одличните настапи на Европското првенство во футсал за ученици до 18 години кое се одржува во Бања Лука, откако обезбедија пласман во четвртфиналето како второпласирана селекција во својата група.

Младите прилепчани, кои како државни шампиони ја претставуваат Македонија на овој голем европски настан, покажаа борбеност, квалитет и карактер против силна конкуренција од целиот континент.

На стартот од шампионатот македонските претставници одиграа драматичен натпревар против Словачка кој заврши 4:4, а израмнувачкиот погодок го постигнаа во самиот финиш. Стрелци за Македонија беа Теодор Героски, Андреј Паскоски, Мартин Деркоски и Димитар Оклески.

Потоа следуваше убедлив настап против Унгарија, каде прилепчани целосно доминираа и славеа со високи 10:1, додека во уште една вистинска драма ремизираа 5:5 против Белгија, селекција која важеше за еден од фаворитите во групата.



Со овие резултати, учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ успеаја да обезбедат место меѓу најдобрите осум селекции на Европското првенство.

Дополнителен мотив и поддршка за младите футсалци беше посетата од македонските репрезентативци и членови на Борац Бања Лука, Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, кои ги посетија во нивната база и им посакаа среќа пред клучните натпревари.



Од училиштето пред заминувањето во Бања Лука порачаа дека се горди што нивните ученици ја претставуваат Македонија на европската сцена и изразија уверување дека момците ќе го покажат својот спортски дух, борбеност и квалитет.

Европското првенство во футсал за средношколци обединува 15 екипи од 11 земји, а Македонија преку СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ достојно се претставува на големата сцена во Бања Лука.

Нашата репрезентација е составена од Виктор Анѓелевски, Мартин Деркоски, Теодор Героски, Ведран Магленски, Леонид Митрески, Димитар Оклески, Давид Паскоски, Андреј Петрески, Бернис Селимоски, Бруно Стефаноски, а е предводена од тренерот Илија Ангелески и неговиот асистент Христијан Митрески.

Судија кој дели правда на Европското првенство во Бања Лука од Македонија е Димитар Здравески.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

КупФудбал

ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Како ќе играат Тиверија Брера и Каменица Саса?

Денес на стадионот во Ѓорче Петров се игра Куп финалето меѓу Каменица...

КупФудбал

Тиверија Брера и Каменица Саса по втора Куп титула – финале со богата историја и голем влог!

Женскиот фудбалски Куп на Македонија ќе донесе ново возбудливо финале, во кое...

Втора лигаФудбал

Три второлигаши пред „финале“ за спас на сезоната и опстанок во Втора лига

Три второлигашки екипи ќе мора да одиграат натпревари со карактер на финале...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!