Кошарка

Дарко Димитријевиќ: За Бадел 1862 ова беше и повеќе од успешна сезона

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели



Кошаркарките на Бадел 1862 оваа сезона се вратија на „големата сцена“. Не само со пласманот на третото место, и во полуфиналето на плеј-офот за шампионската титула, туку многу повеќе со игрите кои ги прикажаа во доигрувањетот против екипите, кои реално, се поквалитетни од нивната.

Го најавија тоа со елиминацијата на сега веќе поранешниот шампион, Баскет кам во полуфиналето, а го продолжија со одличните игри и во финалната серија – онаа која го промовираше новиот првак.

На задоволство на сите во стручниот штаб, предводен од тренерот Дарко Димитријевиќ.

„Можам да кажам дека оваа сезона, беше исполнета со бројни предизвици. Започнавме невообичаено тешко. На почетокот се соочивме со проблеми, дел од играчите не успеаја да се прилагодат на начинот на работа и на нашите идеи и визија. Првиот дел од првенството го завршивме со учинок од девет победи и пет порази, на петтата позиција на табелата. Тоа беше јасен сигнал дека мора да направиме промени – или адаптација кон системот, или разделба. А играчите што останаа покажаа карактер, верба и посветеност, и од ден на ден напредуваа.

Во вториот дел од сезоната направивме извонреден пресврт. И покрај тоа што останавме без нашиот стартен плејмејкер и носител на играта Марија Николов поради повреда во репрезентативниот прозорец, остваривме скор од 11 победи и само еден пораз.

Растевме од натпревар во натпревар, го променивме стилот на игра – игравме со многу темпо, агресивна одбрана, енергија и огромна желба за победа кои не донесоа до третата позиција и во плеј-офот се соочивме со повеќекратниот шампион Баскет Кам.

Одигравме на високо ниво, и иако искуството беше на нивна страна, успеавме да славиме со 2-1 – резултат кој за нас беше извонреден“ – коментира Димитријевиќ.

Но, кога веќе обезбедија место во големото финале, „баделки“ немаа намера да застанат, напротив…

„Финалната серија ја одигравме исто така квалитетно. Противникот не нè надигра, иако од вториот натпревар останавме и без стартниот центар, Јована Петрушевска, која не се врати до крајот на серијата. Финалето заврши со 3-1 за противникот, но начинот на кој се боревме зборува доволно“.

И покрај поразот во финалето со Крива Паланка, за Димитријевиќ е поважно промовирањето на млади кошаркарки.

„Најважно од сè е што промовиравме неколку млади и талентирани играчи кои храбро застанаа рамо до рамо и ги прифатија предизвиците во најтешките натпревари. Морам да им се заблагодарам на Фримен и Клири, кои беа вистинско освежување во нашите редови, го дадоа потребниот импулс, беа вистински лидери. и за нас, ова беше повеќе од успешна сезона. Затоа, Бадел 1862 може да биде горд на остварениот резултат оваа сезона“ – смета Димитријевиќ по истекот на сезоната, доста успешна за трофејниот клуб.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!