Останато

Сара Митевска и Кристијан Јанев се победници на Поинтер опен 2026

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонските млади тениски надежи Сара Митевска и Кристијан Јанев се победници на турнирот Ј30 Скопје – Поинтер опен 2026, кој се одржа на терените на ТК Поинтер Тенис Парк.

Митевска имаше одличен настап и до трофејот стигна без ниту еден загубен сет. Во финалниот меч таа ја совлада втората носителка Нор Кулеманс од Белгија со 6:3 и 6:2. На целиот турнир македонската тенисерка загуби само 22 гема на пет одиграни натпревари.

Претходно, Митевска беше сигурна и против Јоана Менцелоу, Ива Колев, Марија Чалкова и Есенија Бејлокова, потврдувајќи ја одличната форма во текот на целиот турнир.

Во машкото финале, Јанев по голема борба славеше над Богдан Мандиќ со 2-1 во сетови. Македонскиот тенисер го доби првиот сет со 7:5, противникот израмни со 6:4, а во решавачкиот сет Јанев беше убедлив и победи со 6:2.

На патот до титулата, Јанев оствари победи и против Никола Ивасковиќ, Бенџамин Смит, Алберт Иван и Марин Абаџиев.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

Останато

ТК Кобра блесна на „Бутел Опен“: 15 медали и најмногу сениори меѓу сите клубови!

Таеквондо клубот Кобра имаше одличен настап на меѓународниот турнир „Бутел Опен“, кој...

Останато

Деспотовски: Работнички покажа шампионски карактер кога беше најпотребно

Одбојкарките на Работнички Скопје по 18. пат во клупската историја ја освоија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!