Женскиот кошаркарски клуб Крива Паланка ја освои првата шампионска титула во својата историја, откако во четвртиот натпревар од финалната серија славеше на гостувањето кај Бадел 1862 со 75:73 и со вкупни 3-1 го затвори финалето на плеј-офот во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига.
Кошаркарките на Крива Паланка одлично го отворија мечот и уште по првата четвртина имаа убедлива предност од 30:16, најавувајќи дека се подготвени за историски успех. Сепак, Бадел 1862 не се предаде и до полувремето успеа да намали на 42:32.
Во третата четвртина домаќинките целосно се вратија во игра и пред последните десет минути резултатот беше израмнет – 55:55, што донесе голема неизвесност во завршницата.
Крива Паланка повторно се одлепи и поведе со 71:62 на нешто помалку од три минути до крајот, но „баделки“ внесоа нова драматика со серија од 11-3 и по тројката на Чолакоска стигнаа на само поен негатива (73:74). Сепак, времето не беше доволно за комплетен пресврт и гостинките го започнаа големото славје за првата титула во клупската историја.

Голем удел во шампионскиот успех имаше Аби Ниехуес, која беше прогласена за МВП на финалната серија. Крилната кошаркарка и во решавачкиот натпревар одигра доминантно и за речиси 35 минути на теренот постигна 22 поени, имаше 17 скока, од кои седум офанзивни, како и три блокади, со индекс на корисност 32 – највисок на натпреварот.
Иако Бадел 1862 остана без титулата, тимот заслужи големи пофалби за настапите во плеј-офот, особено ако се земе предвид дека во полуфиналето го елиминираше актуелниот шампион Баскет Кам и покажа дека сосема заслужено стигнал до големото финале.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...
Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...
Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна...
Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....
Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...
Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...