Ракомет

Српскиот репрезентативец Никола Зечевиќ ново засилување на ГРК Охрид!

Сподели
Сподели

ГРК Охрид продолжува активно да го гради тимот за новата сезона, а најново засилување на охридскиот клуб е српскиот репрезентативец Никола Зечевиќ, кој потпиша договор со „гладијаторите“ најмалку до 2028 година.

Станува збор за 24-годишен лев бек висок 200 сантиметри, кој во Охрид пристигнува од актуелниот шампион на Србија, РК Партизан. Зечевиќ во српскиот гигант имаше значајна улога во двата правци на теренот, а поради лидерските квалитети ја носеше и капитенската лента.

Со своите настапи во Партизан успеа да се избори и за место меѓу репрезентативците на Србија, за која веќе има повеќе настапи на меѓународната сцена.

Новиот ракометар на Охрид во наредната сезона ќе настапува со дресот со број 31, а по потпишувањето на договорот не го криеше задоволството од новиот предизвик.

„Многу сум среќен и со нетрпение го очекувам мојот прв настап во дресот на Охрид. Не ми беше тешко да ја донесам оваа одлука и да ставам потпис со клубот, со оглед на големите амбиции на клубот кој расте од ден на ден на чело со тренерот Ројевиќ, кого го познавам долги години. Едвај чекам да заиграм пред охридската публика која прави неверојатна атмосфера и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на сите луѓе во клубот и секако на навивачите и убеден сум дека заедно ќе ги исполниме зацртаните цели.“ – изјави Никола Зечевиќ.

Српскиот интернационалец е четвртото засилување за ГРК Охрид во пресрет на новата сезона, во која клубот има високи амбиции како на домашната, така и на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!