Ракомет

Охрид ќе ја брка европската круна: Познати термините за финалето!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид официјално ги добија термините за двомечот против Татабања во големото финале на ЕХФ Европскиот Куп. Охриѓани ќе имаат историска шанса да се борат за европски трофеј, а првата пресметка ќе се одигра во Унгарија.

Првиот финален натпревар е закажан за 24 мај во Татабања со почеток од 17 часот, додека реваншот ќе се игра една недела подоцна, на 31 мај во салата „Билјанини извори“ во Охрид со почеток од 20 часот.

ФОТО: ГРК Охрид

Избраниците на Ројевиќ, сезонава веќе испишаа историја со пласманот во финалето, а сега ги очекуваат уште два натпревари за најголемиот успех во клупската историја.

Атмосферата во „Билјанини извори“ веќе се најавува како спектакуларна, особено по еуфоричната поддршка која охридските ракометари ја добиваа во текот на целата европска сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име во составот е 20-годишниот Даниел Акинлосоту од Нигерија. Станува збор за...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на новиот тренер Марјан Србиновски, со што официјално ги започна подготовките за...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...

Ракомет

Срдановиќ: „Сметам дека овој натпревар не е вистинската слика за нас“

ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а...

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!