Втора лигаФудбал

Влатко Костов на 180 минути од нов подвиг: Брегалница чекори кон елитата, штипскиот стратег брка шеста промоција!

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели



Брегалница е на само два натпревари од враќање во Првата македонска фудбалска лига, а искусниот стратег Влатко Костов повторно е пред можност да испише ново златно поглавје во својата богата тренерска кариера.

На две кола до крајот на Втората македонска фудбалска лига, „сините“ од Штип се наоѓаат на врвот на табелата со 65 бодови, исто колку што има и Скопје, но Брегалница е лидер поради подобриот меѓусебен дуел.

До крајот на сезоната штипјани ги очекуваат уште два натпревари – гостување кај Осогово во Кочани, а потоа и домашен дуел против Победа, која веќе е преселена во понизок ранг и нема реални шанси за нешто повеќе.

Доколку Брегалница ги добие двата натпревари, на 23 мај во Штип ќе се слави шампионска титула во Втората лига и големо враќање во прволигашкото друштво.

За Влатко Костов ова би бил уште еден огромен успех, бидејќи искусниот стратег е на чекор по шести пат во кариерата да внесе клуб од Втора во Прва лига, а по вторпат тоа да го направи токму со Брегалница.

Во својата тренерска кариера Костов веќе успеал да обезбеди прволигашки промоции со Хоризонт Турново, Куманово, Осогово, Пелистер и Брегалница, со што важи за еден од најуспешните македонски тренери кога станува збор за враќање екипи во елитата.



Покрај успесите во Втората лига, Костов зад себе има и шампионска титула во Првата лига со Ренова во сезоната 2009/2010, како и трофеј во Купот на Македонија две години подоцна.

Штипската Брегалница и искусниот стратег сега ги делат само 180 минути од нов голем успех, а во Штип веќе се чувствува атмосферата дека елитниот фудбал повторно е многу блиску до градот под Исарот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари,...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Железарец со голем пораз се врати во елитата, висок пораз од Бутел

Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!