Прва лигаФудбал

(ФОТО) Хуман гест на Тиквеш: По победата во Скопје, кавадарчани застанаа да помогнат во сообраќајна несреќа

Сподели
Сподели



Фудбалерите на Тиквеш, стручниот штаб, докторите и физиотерапевтите на кавадаречкиот клуб денеска покажаа дека спортот не е само резултат и борба на теренот, туку и човечност надвор од него.

При враќањето од Скопје кон Кавадарци, по убедливата победа од 1:4 над Македонија Ѓорче Петров во 31. коло од Првата македонска фудбалска лига, автобусот на Тиквеш запрел на клучката кај Мирковци каде имало сообраќајна несреќа.

Медицинскиот тим на клубот веднаш реагирал и притрчал во помош на повредените лица, со цел да им укаже прва помош до пристигнувањето на надлежните служби, за што ни потврдија од кавадаречкиот прволигаш.

Кавадарчани денеска не само што се радуваа на важен триумф со кој практично ја обезбедија прволигашката иднина и го потврдија директниот опстанок, туку покажаа и голема хуманост и човечка солидарност.

Тиквеш со денешната победа ја прекина негативната серија резултати и сега се наоѓа на петтото место на табелата со 44 бодови, но потегот на кавадарчани надвор од теренот дефинитивно остави најсилен впечаток.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Башкими го шокира фаворитот Струга Трим Лум и освои големи три бода!

Башкими приреди големо изненадување, совладувајќи ја фаворизираната Струга Трим Лум со 2-1 на домашен терен во Куманово, во последниот натпревар од деветтото коло...

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими го шокира фаворитот Струга Трим Лум и освои големи три бода!

Башкими приреди големо изненадување, совладувајќи ја фаворизираната Струга Трим Лум со 2-1...

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем,...

Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!