ФудбалЧетврта лига

Спартмани го шокираше лидерот Интер Кукла, Огражден се доближи на бод до врвот во ОФЛ Струмица, бод за Слога Злеово

Сподели
Сподели



Екипата на Спартмани конечно стигна до своето прво пролетно славје, откако на домашен терен во Балдовци го шокираше лидерот Интер Кукла со триумф од 3:1.

Во рамки на 11. коло на Општинската фудбалска лига Спартмани стигна до шестото славје и се проби до третото место на минус три бода Интер Кукла.

Поразот на лидерот од Куклиш беше добредојден за Огражден, кој пак со 1:3 славеше над Илинден во Добрејци, па така сега екипата на Ново Село има минус еден бод од челната позиција, па со тоа се разгорува трката за врвот.

Во мечот од дното за бегство од последната позиција Единство со 1:4 славеше убедлива победа над Напредок од Радово за само втор триумф во единаесеттиот меч.

Еден меч заврши без победник – Дрвош и Слога од Злеово ремизираа во натпревар со по еден гол (1:1) за делба на бодовите.

Интер Кукла го чува врвот со 23 бодови, но ја стопи бодовната предност откако Огражден кој е втор има 22 бодови минус еден од првото место. Спартмани е четврти со 20 бодови, а пак Слога од Злеово е четврта со 19 бодови.

На петтото место е Илинден со 16 бодови, Дрвош е шести со 15 бодови, сега Единство кој има шест бодови е седми, а на дното останува Напредок со само три бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!