Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен за Дојранско Езеро, службена победа за Победа Валандово, Карбинци го освои Делчево

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Денес во рамки на 20. коло во Трета лига – Исток во Валандово не се одигра мечот меѓу Победа и Тиверија, откако гостинската екипа од Струмица не допатува во Валандово, па со тоа „калинкарите“ добиваат службена победа од 3:0 и службени три бода.

„По чекање од 30 минути, гостинската екипа не се појави на теренот за игра. Судиите, делегатот, контролор и сите официјални лица од домашната екипа беа присутни на теренот. Натпреварот не започна поради непојавување на гостинската екипа“, се вели во записникот од мечот.

Во Свети Николе фаворитот Овче Поле немаше тешка задача против Дојранско Езеро и стигна до триумф од 7:0. Ѓорѓи Султанов постигна два гола за „овчарите“, а хет-трик најдобриот стрелец во лигата Тоше Манов. Еден гол беше дело на Мирон Илиевски, а пак Костадин Танев го гостинската екипа си постигна автогол.

Во Делчево се играше натпреварот меѓу Брегалница и Карбинци, каде гостинската екипа беше подобра со 2:5 и го шокираше домаќинот.

Даниел Гоцевски и Филип Димитровски беа стрелец за екс прволигашот од Делчево, а пак за гостинот Никола Илиевски и Марио Атанасовски беа двојни стрелци, а еден гол беше дело на Асан Сулиман.

Ударни се намачи за трите бодови против Малеш на домашен терен откако славеше со 3:2 над тимот од Берово.



Гостинот преку Али Голиќ по само три минути го отвори резултатот, а потоа во 23. минута искусниот Илија Баламов погоди за 1:1. Во 28. минута Голиќ со втор гол го донесе Малеш до нова предност, а Крсте Тодоров во 40. минута погоди за 2:2 на полувреме.

Во вториот дел дури во 80. минута Баламов со втор гол ги обезбеди трите бодови за домаќинот.

Екипата на Хоризонт Турново беше слободна во оваа коло.



Победа Валандово е прва со 41 бод, втор е Овче Поле со 40 бодови, а пак Ударник е трет со 35 бодови, додека пак Хоризонт Турново е четврти со 21 бод.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!