Трета лигаФудбал

ФОТО: Борец го доби шампионскиот пехар – ќе игра бараж за Втора лига, Ултрас го доби Питу Гули

Сподели
Сподели

Борец денес го доби пехарот за шампион на Трета лига – Југ, со што велешани ќе играат бараж за враќање во Втора лига.

Претседателот на Трата лига Југ, Сашко Тасев го додели пехарот на некогашниот прволигаш од Велес, кој сега ќе игра бараж за враќање во Втора лига.

Инаку, Борец денес го одигр натпреварот од 25. коло против Младост од Кривогаштани кој го доби со 7:0. Мирчевски и Филиповски беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Иванов, Миловановиќ и Имеров.

Башкими од Јаболчиште се соочи со Превалец каде исходот беше 1:1. Гостинот преку Јордановски во 26. минута дојде до 0:1, а без трите бодови остана во 93. минута кога Ахмедов погоди за 1:1.

Влазними Јуниор беше домаќин на некогашниот второлигаш Росоман каде исходот беше голем триумф за домаќините од 6:4.

Аделин Демири постигна четири гола за домаќинот, а двапати погоди Емрула Велиоски, додека пак за гостинот Слободан Дуков погоди двапати, а по еднаш Петар Николов и Бранко Стошиќ.

Тополка и Бучин ги поделија бодовите играјќи 3:3. Нешов и Чоков погодија за домаќинот, а за гостинот Србиноски беше двоен стрелец, а еден гол беше дело на Мицески, а пак Мургоски си постигна автогол.

Ултрас со 2:1 славеше на домашен терен против Питу Гули, откако гостинот во судиското надополнување на првиот дел погоди за 0:1 преку Талески. Во вториот дел во 75. минута Тошески погоди за 1:1, а пак Стојчески во 92. минута стрелаше за конечни 2:1.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Младите македонски фудбалери пристигнаа во Турција – во Трабзон започнува битката за пласман на Европското првенство!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години пристигна во Турција, каде што од 11 до 17 ноември ќе настапи на квалификацискиот турнир...

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!