Останато

МОК и Олимпискиот комитет на Србија ја зајакнуваат соработката за развој на спортот

Сподели
ФОТО: МОК
Сподели

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, вчера одржа официјална работна средба со претседателот на Олимпискиот комитет на Србија, Дејан Томашевиќ, посветена на унапредување на соработката и развојот на олимпискиот спорт во регионот.

Средбата се одржа во просториите на МОК во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа утврдени повеќе стратешки насоки за идно дејствување.

ФОТО: МОК

Главна тема на разговорите беше заедничкиот настап преку европската програма Еразмус+. Двете страни се договорија за здружување на капацитетите и заедничко учество во аплицирање и реализација на проекти, со цел поефикасно користење на ресурсите за развој на спортот, едукацијата и младинските спортски активности.

Посебен фокус беше ставен и на развојот и промоцијата на 3х3 кошарката, преку размена на искуства и креирање заеднички стратегии за нејзина поголема популаризација.

Исто така, беше најавена и идната соработка преку размена на стручен кадар и организирање заеднички подготовки на спортисти од двете земји.

Во рамки на посетата, Димевски го запозна својот српски колега со инфраструктурните капацитети на Олимпискиот спортски центар, при што гостите имаа можност да се информираат за условите за тренинг и развој, како и за современата лабораторија за мерење на спортски перформанси.

На крајот, двајцата претседатели заклучија дека постои значителен потенцијал за заедничко делување, кое во иднина може да придонесе за уште поголем развој на олимпиското движење во двете земји.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско...

Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!