Прва лигаФудбал

Тиквеш бара излез од кризата на тешко гостување кај Македонија ЃП

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Тиквеш во финишот од сезоната влезе во резултатска криза, а турбулентниот период кулминираше со смена на целиот стручен штаб.

Кавадарчани на последните пет натпревари имаат само една победа, остварена на гостувањето во Струга. По еден бод освоија против Башкими и Арсими, додека забележаа убедливи порази од Силекс, Шкендија и Вардар.

Во последните три кола Тиквеш постигна само два погодоци, а прими дури 12.

Сепак, и покрај лошата серија, тимот е далеку од зоната за испаѓање, а предноста во однос на екипите што се на позиции за бараж изнесува пет бода.

Евентуална победа на гостувањето кај Македонија ЃП би значела најава за излез од кризата, додека пораз би ја продлабочил негативната серија.

Оптимизмот кај Тиквеш го зголемува и фактот дека против Македонија ЃП имаат две победи во меѓусебните дуели.

До крајот на сезоната, Тиквеш го очекуваат натпревари со тимови што се борат за опстанок. Следниот викенд во Кавадарци гостува Пелистер, а во последното коло тимот патува во Скопје на дуел со Работнички.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!