Втора лигаФудбал

„Сејмени“ повикаа на масовна поддршка: Осогово денеска игра против Брегалница

Сподели
Сподели



Навивачката група „Сејмени“ упати повик за масовна поддршка на Осогово пред денешниот натпревар против Брегалница во рамки на последното 30. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Собирното место за навивачите е закажано во Градскиот парк во Кочани во 15:00 часот, а од „Сејмени“ порачаа сите навивачи да дојдат облечени во црно и со шалови, со цел да му дадат силна поддршка на клубот.

„Да ја одбраниме честа на градот, боите и клубот! Да ги поддржиме нашите момци и заедно да покажеме како пеат СЕЈМЕНИ“, порачаа навивачите на Осогово.

Натпреварот меѓу Осогово и Брегалница ќе се игра денеска од 16:30 часот на Градскиот стадион во Кочани. За „сините“ од Штип победата е императив во борбата за шампионската титула и пласман во Првата лига, бидејќи со три бода ќе го задржат првото место пред последното коло, кога ги очекува дуел против Победа на домашен терен.

Од друга страна, Осогово со евентуален триумф ќе го потврди петтото место на табелата, што би претставувало најдобар резултат на „жетварите“ во последната деценија во второлигашката конкуренција.

Воедно, денешниот натпревар ќе има и посебна емоција за кочанчани. ГФК Осогово ќе одбележи 30 години од најголемиот успех на младинскиот фудбал во клубот, кога во 1996 година беше освоен Купот на Македонија. По тој повод, ќе им биде оддадена почит и признание на фудбалерите од генерацијата која го испиша тој историски успех.



Од „Сејмени“ порачаа дека денеска секој навивач треба да биде „12-ти играч“ на тимот и заеднички да се создаде вистинска фудбалска атмосфера во Кочани.

„Аванти Осогово!“, е пораката со која навивачите го најавија денешниот важен натпревар.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на...

Прва лигаФудбал

Вардар нема право на кикс, целта против Скопје се трите бода

ФК Вардар не ја започна најдобро новата сезона, во која амбициите на...

Трета лигаФудбал

Одложен дуелот меѓу Победа Валандово и Малеш од Берово

Натпреварот од 5. коло во Третата лига – Регион 3, меѓу Победа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!