Втора лигаФудбал

Брегалница организирано со поддршка во Кочани: „Фаланга“ и „Ултра Банда“ подготвени за важниот меч со Осогово

Сподели
Сподели



Брегалница денеска ја очекува едно од најважните гостувања сезонава, откако во рамки на претпоследното 29. коло од Втората македонска фудбалска лига ќе се соочи со Осогово во Кочани.

За „сините“ од Штип победата е единствена опција во битката за шампионската титула и пласман во Првата лига. Со евентуален триумф, Брегалница ќе го задржи првото место на табелата, а потоа во последното коло против Победа во Штип ќе има можност пред својата публика да го потврди враќањето во елитата.

Од таборот на Брегалница информираа дека за денешниот натпревар е организиран превоз за сите навивачи и симпатизери кои сакаат да му дадат поддршка на клубот. Превозот е организиран од верните навивачки групи „Фаланга“ и „Ултра Банда“.

Поаѓањето е закажано за 15:00 часот пред Нова Пошта во Штип, а од клубот упатија повик за масовна поддршка и фер навивање.

„Ги известуваме сите симпатизери и љубители на клубот кои сакаат да дадат поддршка, дека за денешниот натпревар во Кочани е организиран превоз. Истиот е организиран од нашите верни навивачки групи Фаланга и Ултра Банда. Воедно апелираме за достојно и културно навивање за нашата плаво-бела гордост. Да се собереме во голем број и сплотено да покажеме како се сака клубот“, порачаа од Брегалница.

Натпреварот меѓу Осогово и Брегалница се игра денеска на Градскиот стадион во Кочани, а се очекува трибините да бидат исполнети со голем број навивачи од двата табора.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!