Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига, Арсими од Чегране, успеа да ја исполни главната цел – директен опстанок во елитното друштво. Тимот, кој бележи континуиран раст од сезона во сезона, како резултатски така и организациски, и наредната сезона ќе биде дел од прволигашката конкуренција.
Еден од најзаслужните за успешната сезона е искусниот голман Дејан Силјановски, кој со своите одбрани во клучните натпревари му донесе значајни бодови на тимот од Чегране. Арсими на едно коло до крајот го потврди директниот опстанок, а Силјановски беше еден од најстандардните и најсигурни поединци во составот.
Во разговор за редакцијата на „Спортска Мрежа“, 32-годишниот голман истакна дека уште од самиот почеток целта на клубот била јасна.
„Уште од стартот знаевме која ни е целта и на крајот покажавме дека заслужено сме прволигашка екипа. Сезоната беше тешка, но тимот покажа карактер, квалитет и менталитет во најважните моменти. Директниот опстанок на едно коло до крајот е доказ дека работевме правилно во текот на целата сезона“, вели Силјановски во изјава за Спортска Мрежа.
Силјановски потенцира дека притисокот на важните натпревари не бил лесен, но дека секогаш бил подготвен да ја преземе одговорноста кога тоа било најпотребно.
„Нормално дека не беше лесно, посебно на натпревари каде се решаваше многу. Како голман, сакам одговорност и секогаш сум подготвен да му помогнам на тимот кога е најпотребно. Мило ми е што со моите одбрани успеав да донесам важни бодови за Арсими, но сепак ова е успех на целиот тим“, ни изјави голманот на Арсими, Дејан Силјановски.
Во својата богата кариера, Силјановски настапуваше за Љуботен, Македонија ЃП, Тетекс, Каменица Саса, Беласица, Борец, Гостивар, Скопје, Воска Спорт, Беса од Добри Дол, а сега успешно го брани голот на Арсими.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Со три натпревари кои се играат утре од 16 часот ќе биде комплетирано 32. коло во Првата македонска фудбалска лига, а Фудбалската федерација...
Претпоследното, 29. коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревари со огромно резултатско значење, особено во Кочани каде Брегалница сака само три бодови...
Со три натпревари кои се играат утре од 16 часот ќе биде...
Претпоследното, 29. коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревари со огромно...
32. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе голема драма и важни...
Вардар по шест години повторно седна на тронот на македонскиот фудбал. Со...