Останато

Штип подготвен за второто издание на меѓународниот „Трофеј Штип“: Пеливани од седум држави пристигнуваат во градот под Исарот

Сподели
Сподели



Градот под Исарот и оваа година ќе биде домаќин на вистински спортски спектакл. В недела (10 мај), на стадионот на ФК Кежовица, ќе се одржи второто издание на меѓународниот турнир во пеливанско борење „Трофеј Штип“, настан кој веќе се етаблира како еден од најзначајните турнири од ваков тип во регионот.

По успешното прво издание минатата година, интересот за турнирот е значително зголемен, а организаторите најавуваат уште подобра организација и поквалитетна конкуренција. Покрај натпреварувачи од Македонија, на турнирот ќе настапат и пеливани од Грција, Албанија, Бугарија, Србија, Турција и Косово, што уште еднаш му дава силен меѓународен карактер на настанот.

Пеливанското борење, кое е специфичен и атрактивен спорт близок до борењето во слободен стил, последниве години привлекува сè поголемо внимание кај младите, но и кај спортската публика во Источна Македонија. Токму ваквите турнири придонесуваат за популаризација на овој традиционален спорт и создавање нови генерации натпреварувачи.

„На 10 мај со почеток во 12 часот на стадионот на ФК Кежовица, по вторпат ќе се одржи турнирот во пеливанско борење „Трофеј Штип“. Сакам да ги повикам сите љубители на спортот особено љубителите на пеливанското борење, да уживаат во вештините на пеливаните кои ќе учествуваат на второто издание на „Трофеј Штип“. Годинава организацијата е на повисоко ниво, поучени од минатата година. Морам да потенцирам дека интересот за пеливанството во нашиот град е на високо ниво, а масовноста е голема. Многу млади покажуваат интерес кон овој спорт бидејќи се работи за несекојдневен спорт, па тоа е причина плус за да има голем интерес како кај натпреварувачите така и кај публиката, која сака да следи вакви борби“, вели организаторот на „Трофеј Штип“, Дејан Митров за Спортска Мрежа.

Турнирот ќе започне во 12 часот, а стадионот на ФК Кежовица се наоѓа на влезот во Штип од правец на Радовиш, веднаш до бања Кежовица, што ќе овозможи лесен пристап и за посетителите кои доаѓаат од други градови и држави.

Со ваков број учесници и растечки интерес, „Трофеј Штип“ продолжува да расте и да го зацврстува своето место меѓу најзначајните настани во пеливанското борење во регионот.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!